Министерство за здравство

Патникот од Германија е негативен, од аеродром вратени 26 странски државјани од ризични земји

Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија беше тестиран и е негативен на коронавирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиона на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

„Во меѓувреме попладнево, на коронавирус се тестирани уште осум пациенти меѓукои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот“, се вели во соопштението.

Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе