Нова мерка за подобра контрола на коронавирусот

Патниците на „Визер“ од Италија уште во авион ќе пополнуваат здравствена карта, најави Филипче

Патниците со авионите на „Визер“ од Милано и од Венеција до скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравственa карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава.

„Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од ‘Визер‘ од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен  локатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Патниците, како што појасни министерот, уште во авион ќе остават податоци на која адреса престојуваат и доколку после одреден број денови се јави некој патник со симптоми ќе биде лесно да се најдат сопатниците кои што седеле неколку редови пред и зад тој патник во авионот.

Филипче кажа дека препораката за неодржување масовни јавни собири важи до 6 март, а в петок Министерството за здравство ќе излезе со нова препорака за ситуацијата со корона вирусот во Македонија.

Тој информираше дека во изминатото деноноќие нема нови пациенти кои се тестирани за коронавирусот и потсети дека вчера на Клиниката за инфективни болести се јавиле тројца пациенти, двајца патници од Италија и еден од Шпанија, кој престојувал во тамошни болнички установи заради друга здравствена причина.

„Кај сите тројца пациенти имаше индикација за тестирање согласно симптомите и тестовите беа негативни. Единствената пациентка која што е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести е добра и нејзината здравствена состојба се повеќе се подобрува“, рече Филипче.

Тој информираше дека осуммина кинески работници од „Синохидро“ се сместени во изолација, а двајцата колеги лекари немаат знаци за корона вирус и уште еднаш апелираше  граѓанните да се придржуваат до мерките.

Инаку, бројката на заразени од коронавирус во Европа е 3.365 пациенти, а нови земји се Андора, Латвија и Португалија.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе