Реакција

Пановски за мерките: Не може да се ограничуваат прележаните

Не велам луѓето да не се вакцинирааат и ги повикувам тоа да го сторат. Но, не може да се ограничуваат прележаните, изјави д-р Никола Пановски во емисија на ТВ Канал 5.

„Колку починаа од прележаните? Осум. Колку починаа од комплетно вакцинираните, кои нели имаат пет ипол пати повеќе пати антитела? Околу 400. Разликата е таа. Имунитетот од вакцината трае шест месеци, но исто и од прележувањето. Не велам луѓето да не се вакцинирааат и ги повикувам тоа да го сторат. Но, не може да се ограничуваат прележаните. Ниту еден од тие што прележале не се заразил повторно во првите шест месеци. Прашувам зошто се зема крвна плазма само од прележаните? Зошто и вакцинираните не даваат плазма? Само во Македонија се ограничуваат луѓе кои вистински ја прележале болеста и имаат антитела“, рече д-р Пановски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе