Консултации на Клиниката за пулмологија за протоколите за третман од ковид-19

Пановски и на Филипче му укажал за последиците од лекување со антибиотици

Професорот Никола Пановски од Институтот за микробиологија и  претставници, експерти од Клиниката за пулмологија ќе имаат консултации за употребата на антибиотиците при лекување на вирусната болест ковид-19. До средбата доаѓа откако Пановски алармираше дека често пати се дава комбинација од големи дози на антибиотици што може да доведе и до фатални последици.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја најави средбата, запрашан за коментар на тврдењата на професорот Никола Пановски, кој притоа посочил и конкретен пример на пациент кому му била препишана „убиствена" доза на антибиотици.

„Од клиничката слика, манифестацијата и анализата на текот на болеста зависи за секој пациент каква терапија ќе се даде. Професорот Пановски од Институтот за микробиологија нѝ укажа за конкретен случај на пациент од околината на Струга на кој му се препишани поголем број на антибиотици. Професорот ми испрати и некои документи за овој случај. Сакаме да видиме дали имало индикација за таква терапија. Ќе се ангажира и Државноот санитарен и здравствен инспекторат и ќе се направи анализа на тој случај. Го замолив Пановски да направи денеска една кослултација со наши експерти во Клиниката за пулмологија во врска со препишувањето на антибиотици. Верувам дека некои прашања ќе се расчистат", рече Филипче.

Тој оцени дека се создава и паника меѓу самите граѓани и дека неретко се создаваат непотребно домашни аптеки.

„Апелирам на своја рака да не се пијат антибиотици. Има доволна количина на лекови за третман на ковид-19. Но, тоа не е болест за која постои конкретен лек. Се користи комбинација на лекови за кои треба да се погоди и тајмингот. Според индикациите матчниот лекар или лекарите во болниците ја препишуваат терапијата", рече Филипче.

Инаку, професорот Никола Пановски пред неколку дена алармираше дека на пациенти со ковид-19 неретко им се даваат неконтролирани количини на антибиотици. Ковид-19 е вирус и не се лекува со антибиотик, напиша Пановски.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе