Министерство за здравство

Пандемијата не спласнува, секаде каде што се попуштаат рестриктивните мерки има нови заразени, вели Филипче

Простото споредување само на бројките не е показател на состојбата, туку битно е да се знае на што се должи зголемениот број новодијагностицирани лица со ковид-19. Системот што го спроведуваме на широко тестирање и идентификување на сите, па и асимптоматските пациенти, сметам дека е одличен. Секаков друг, поинаков пристап, може да доведе одеднаш да бидат пренатрупани болниците, а токму тоа сакаме да го избегнеме. Затоа споредувањето на простите бројки на регионално ниво нема смисла, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска работно ги посети општата болница во Охрид и Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“.

Како што појасни Филипче, практиката во земјата е да се врши широко тестирање, не само на лицата со симптоми, туку и нивните контакти, со што се овозможува навремена изолација и предвидување на притисокот врз здравствениот систем, сето тоа заради ограниченоста на болничките капацитети.

„Огромен процент од новодијагностицираните се асимптоматски или со лесна слика, но со тестирањето можеме да предвидиме што ќе се случи како притисок врз болничките капацитети, како врз болниците, така и врз кадарот. Сметам дека системот на широко тестирање е одличен, секако друг пристап може да значи дека во еден миг болниците ќе бидат затрупани со пациенти, а тоа сакаме да го избегнеме“, рече Филипче.

Притоа посочи дека пандемијата на коронавирусот во светот не спласнува, секаде каде се попуштаат рестриктивните мерки има нови заразени. Има податоци и на зголемен број заразени и во околните земји, за што било дискутирано изутринава во Комисијата за заразни болести, а биле остварени и комуникации со здравствените власти во сите околни земји, со цел да се согледа вистинската епидемиолошка слика во регионот.

Што се однесува на одредени забелешки за политичка заднина при донесувањето одредени одлуки од страна на Комисијата за заразни болести, министерот категоричен дека ниту една одлука, решение, препорака на Комисијата од почетокот на кризата со коронавирусот не била со политичка цел. Напротив, како што истакна, „одлуките беа носени врз основа на медицински, епидемиолошки показатели, параметри и податоци што ги анализиравме“. Во таа насока се спроведува и сегашната анализа за согледување на актуелната состојбата со епидемијата во регионот.

Министерот имаше средба со медицинскиот персонал на oпштата болница во Охрид, посочувајќи дека болницата е еден од регионалните центри каде уште од самиот почеток на кризата беше определен дел лекари специјалисти, експерти, капацитети за третман на пациенти со ковид-19. Тој ја поздрави подготвеноста на охридскиот медицински кадар за брза реакција и нивното ефикасно приспособување на новонастанатите околности.

Филипче потсети дека во изминатите две години се примени во работен однос голем број лица во болниците во Охрид, дел од нив лекари пратени на специјализација.

„Со тоа покажавме дека водиме сметка за јавното здравство, пред сè, за можеби најважниот сегмент на здравствениот систем, а тоа се луѓето – лекарите, медицинските сестри и целокупниот помошно-технички персонал. Тоа е столбот на здравствениот систем“, истакна Филипче.

Во општата болница во Охрид во моментов има 25 пациенти позитивни на ковид-19, шестмина од нив се на кислородна поддршка. Директорот на установата Горан Балевски рече дека сите пациенти досега се прифатени, соодветно третирани, со проценка дека добро се справуваат со ситуацијата.

„Состојбата засега е стабилна, ситуацијата е непредвидлива, но како установа стоиме на располагање со сите капацитети за прием и третман на болни, рече Балевски. Во врска забелешките дека се одбивал прием на пацинети од струшкиот регион, Балевски рече дека сите процедури се спроведуваат во меѓусебна координација на центрите.

Како што појасни, за два месеца на Инфективното одделние на болницата во Охрид се отворени 146 болнички истории, од кои 90 отсто на пациенти токму од струшкиот регион.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе