„Паметните очила“ им донесоа прва награда на македонски научници

Македонски научници се дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција Ubicomp во Англија. За време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди – Ubicomp и ISWC 2022 во Англија, македонски тим на научници и инженери заедно со своите англиски колеги од Emteq Labs, добија прва награда за најдобра демострација на иновативна технлогија – паметните очила OCOSense.

„Победничката демонстрација покажува паметни очила кои што преку иновативни сензори и Вештачка интелигенција ги препознаат изразите на лицето, а преку тоа даваат информации за емоционалната сосојба и однесувањето на корисникот што ги носи“, објаснуваат учесниците на меѓународна конференција.

Извршниот директор и водечки научник во Emteq Labs, д-р Чарлс Ндука објаснува дека оваа технологија е првата платформа за препознавање на изрази на лицето, човечки активности, и однесување во светот.

„Познат како „Fitbit за чувства", OCOSense наскоро ќе биде достапен за сите истражувачи. Многу корисници ќе имаат корист од можноста за следење на далечина на домашен третман или медицинска терапија, вклучувајќи ги луѓето со депресија, Паркинсонова болест, парализа на лицето, и други слични состојби“, вели д-р Ндука.

Македонскиот тим на научници и инженери кои што ги создаваат наградените алгоритми за Вештачка Интелигенција во Emteq Labs, го сочинуваат: д-р Христијан Ѓорески, д-р Мартин Ѓорески, м-р Ивана Кипријановска, м-р Симон Станковски, Филип Панчевски, и Бојан Софрониевски.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе