И покрај апелите и актуелната кампања

Паѓа интересот за вакцинација, а уште не сме ја достигнале ни бројката од 50% вакцинирани

Ако до пред само еден месец дневно се вакцинираа околу 10.000 лица, последниве денови таа бројка е околу 3.000. Од петокот во Скопје затворен е пунктот во салата А1 арена. Во Тетово работат само два пункта за вакцинација, а имаше четири. Само 35% од целата популација во Македонија примила две дози од вакцината против ковид-19.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 47, а со две дози 44 проценти. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти примила две дози вакцина.

Во Тетово деновиве се вакцинираат само по стотина граѓани дневно, а до пред само десетина дена таа бројка беше десет пати поголема. На територија на град Скопје, вакцинацијата се одвива во 7 поликлиники. Во две смени работат поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари, велат од МЗ.

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 се аплицирани како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. 

На 8 септември бројот на аплицирани вакцини беше 13.232.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. 

Од Министерството за здравство постајано апелираат на вакцинација на граѓаните кои не го прележале коронавирусот. Процентот од само 35 отсто вакцинирани лица во Македонија со две дози е навистина мал.

На почетокот на месецов поради изминат рок на траење беа повлечени и ќе бидат уништени на Дрисла 13.000 дози од Фајзер, бугарската донација која се состоеше од  51.480 вакцини.

А.Д.

 

 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе