Министерот Филипче за трансплантацијата

Пациентот Сашо што доби срце од починат донор е добар и се опоравува

Пациентот на кој што пред два дена му беше извршена трансплантација и доби срце од починат донор, се чувствува добро, соопшти утрово министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на својот Фејсбук-профил напиша дека пациентот е контактибилен и се опоравува. 

„Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики“, објави министерот Филипче. 

Операцијата на 53-годишниот пациент беше извршена во средата. 

„Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија. Сега следи критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија. На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесетгодишната пациентка која подолг период беше на дијализа", напиша тогаш Филипче.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе