Пациентот кој скокна од прозорец во ГОБ „8 Септември" бил под психијатриска опсервација, тврдат од болницата

Пациентот А.Ц. роден 1950 година, хоспитализиран на интензивна нега во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, кој изутрината скокнал од прозорец од првиот спрат, по што почина, бил во тешка здравствена состојба и под психијатриска контрола и опсервација, соопштуваат од болницата.

Од болницата посочуваат дека и покрај сите преземени мерки пациентот скокнал од прозорец.

„И покрај преземените реанимациски постапки од дежурната екипа во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, јавен обвинител и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор“, стои во соопштението.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе