Прес-конференција на Венко Филипче

Пациентката со коронавирус нема компликации, сите со кои била во контакт се под надзор

Пациентката кај која е детектирано присуство на коронавирусот е со лесна клиничка слика, нема компликации и се лекува во делот на изолација на Инфективната клиника во Скопје.

Денеска тестирањата кај две лица дадоа негативни резултати, кај еден шофер што е дојден од северна Италија и една граѓанка дојдена од Рим. Се чекаат резултатите од тестот на уште едно лице од Рим, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Сите сопатници на пациентката што се лекува се под надзор, заедно со лицата со кои биле во контакт. Осуммина од нив се патниците од комбито и четворица со кои тие имале контакт, главно нивни роднини. Црвениот крст е надлежен за снабдување на овие лица со храна и вода во следните денови. Резервите за сите медицински установи со маски, ракавици и мантили се сосема доволни. Во тек е постапка за набавка заради дополнување на резервите“, рече Филипче.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе