Министерство за здравство

Пациенти и вработени во Психијатриската болница во Демир Хисар заболени од ковид-19

19 пациенти во Психијатриската болница во Демир Хисар се заболени од коронавирусот по извршените тестирања на 58 пациенти. Еден од нив е веќе починат. Според возраста заразен е еден пациент на 27 години, а останатите заболени се постари од 55 години. Од вработените позитивни на ковид-19 се и една медицинска сестра и еден работник.

Вчера биле земени брисеви на уште 29 пациенти и на еден вработен. Во Психијатриската болница во Демир Хисар во моментов има вкупно 296 пациенти. Еден пациент е излечен во болницата во Битола и тој повторно е вратен во Демир Хисар.

Сите позитивни пациенти се изолирани и се со полесна клиничка слика. За сите ковид пациенти на кои не им е потребно лекување во болнички услови болницата има обврска да ги лекува во установата, информираат од Министерството за здравство.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе