Филипче соопшти дека едната операција е завршена

53-годишен пациент доби срце од починат донор, следи периодот на опоравување

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук-профил објави дека заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија.

„Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија. Сега следи критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија. На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесетгодишната пациентка која подолг период беше на дијализа“, напиша Филипче.

Тој им посака на пациентите брзо закрепнување и многу здравје.

„На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот“, напиша Филипче.

Денеска во раните утрински часови започнаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе