Повеќе од двојно оздравени од новозаболени

Оздравени 172 пациенти, петмина починати и 78 новозаболени од ковид-19

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а билансот е 78 нови случаи на ковид-19, петмина починати и 172 оздравени.

Фото: Роберт Атанасовски

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје 26, Куманово 4, Дебар 1, Штип 17, Тетово 9, Струга 3, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 5, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип-3, Виница 1 и во Свети Николе 5.

Од починатите пет пациенти, тројце се од Скопје, еден од Куманово и еден од Струга. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во ГОБ „8 септември" починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во Општата болница во Струга е починат пациент на 86 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица и тоа од Скопје 72, Куманово 53, Штип 20, Прилеп 4, Тетово 10, Велес 1, Гостивар 5, Пробиштип 2, Ресен 4
и од Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 3.422, активни 1.960
Куманово 801, активни 194
Дебар 110, активни 58
Штип 390, активни 157
Прилеп 281, активни 51
Тетово 775, активни 391
Струга 268, активни 169
Велес 196, активни 42
Битола 62, активни 23
Охрид 205, активни 176
Кавадарци 21, активни 15
Гостивар 161, активни 93
Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 17, активни 9
Крива Паланка 17, активни 11
Радовиш 4,
Крушево 7, активни 3
Кочани 75, активни 22
Пробиштип 29, активни 18
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 6, активни 4
Пехчево 6, активни 3
Берово 3,
Валандово 6, активни 2
Виница 4, активни 1
Делчево 1,
Кратово 5, активни 2
Свети Николе 47, активни 42
Кичево 48, активни 39
Ресен 122, активни 85
Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Клиника „Жан Митрев“ -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест пациенти, а вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 402
Аеродром – 155
Бутел – 170
Гази Баба – 201
Центар – 149
Карпош – 166
Сарај – 150
Кисела Вода – 110
Ѓорче Петров – 115
Студеничани – 107
Шуто Оризари – 95
Арачиново – 51
Илинден – 35
Петровец – 17
Чучер Сандево – 18
Сопиште – 9
Зелениково-8
Странец – 2

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе