ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец и официјално отворено за учениците

Новоизграденото општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Општина Центар денеска и официјално е пуштено во употреба, со свеченост  и пригодна програма во присуство на премиерот Зоран Заев, министри во Владата и општинското раководство.

„Овој пример на Општина Центар треба да се следи и од другите локални самоуправи. И вака ќе бидеме и како централна власт, но и како локална власт, во иста насока за постигнување на заедничката цел, а тоа е квалитетен национален образовен систем, поквалитетно образование, подобри образовни инфракструктурни услови за сите и постигнување на што повеќе поголеми и попозитивни резултати“, рече на свеченоста министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Училиштето почна да се гради во 2016 година, а изведбата на проектот е во вредност од 5,5 милиони евра. Изградено е на површина од 12.100 квадратни метри, со дворна површина од 4.100 квадратни метри. Има 21 училница, со акустика на простор, седум специјализирани кабинети за предметна настава, спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Името на училиштето  Киро Глигоров според првиот претседател на државава е избор на граѓаните преку анкета, по што согласност даде и Советот на Општина Центар.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе