Во Гостивар

Отворена ЕВН паралелка за средношколци

На пригодна свеченост, денеска во средното техничко улишите во Гостивар (ОСТУ Гостивар) беше означен почетокот на работењето на ЕВН паралелка како дел од платформата 20-20-20. Со формирањето на оваа паралека во Гостивар 20 ученици ќе бидат дел од првата генерација на електро-монтери и електро-техничари кои по завршувањето на образованието во 2022 година ќе добијат понуди за работа во ЕВН.

На промоцијата на новиот ЕВН кабинет во ОСТУ присуствуваа министерот за образование и наука Арбер Адеми и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Штефан Петер.

„Горд сум што идејата беше прифатена и поддржана и што проектот кој пред неколку години го почнавме прерасна во платформа која е прифатена. Иднината на младите е наша обврска Треба да им ја обезбедиме со квалитетно образование и можност да работат. Оваа платформа им го обезбедува токму тоа“, изјави Петер.

Според министерот за образование и наука, дуалното образование веќе ги дава првите резултатите и од оваа паралека ќе произлезе квалитетен кадар.

„ЕВН е првата компанија во земјава која реално го поддржа дуалното образование со проекти преку кои ќе се оформат специјализирани кадри кои веднаш ќе може да работат во компаниите. ЕВН и МОН потпишаа меморандум за соработка за зголемување на вклученоста на приватниот сектор во промовирањето на средното стручно образование. Искрено се надевам дека оваа паралелка ќе предизвика интерес кај младите од овој регион за остручување и можност за вработување“, рече министерот Адеми.

На промоцијата беше кажано дека, ЕВН кабинетот е опремен со најсовремените уреди и заштитна опрема и алати кои ги користат и монтерите при секојдневната работа на терен. На овој начин, младите добиваат можност да се едуцираат, да одржуваат практикантска работа и да се обучуваат според европските стандарди. Учениците ќе посетуваат практикантска работа во Корисничките енерго центри во Гостивар и Тетово и ќе бидат менторирани од страна на стручни монтери и специјалисти од ЕВН.

Платформата „20-20-20" почна во скопското СЕТУ „Михајло Пупин" во 2017 година каде веќе трета генерација на ученици се образуваат во ова училиште.

Во 2020 година, учениците кои го завршуваат образованието ќе добијат понуди за работа во ЕВН и плата од 20.000 денари.

Во гостиварската паралелка оваа година наставата ќе се изведува на албански јазик, а се планира во иднина таа да се иведува и на македонски и турски наставен јазик. Во паралеката учат ученици од општините кои гравитираат кон Гостивар, Тетово, Кичево, Маврови Анови и Прилеп. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе