Министерство за здравство

Откази од Инфективна клиника - „непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра“

Три барања за отказ, прекинување на работниот однос на медицински сестри од Инфективната клиника во Скопје беа објавени вчера на социјалните мрежи. Отказ даде главната сестра Зорица Љубичиќ Митиќ и уште две сестри, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа.

Главната медицинска сестра во барањето за прекин на работниот однос напиша: „Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена,  во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим“.

Првите реакции на лекарите се дека е ова сериозна загуба за системот во многу лошо време.

Денеска со конкретни информации треба да излезе раководството на Клиниката за инфективни болести.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе