Дневна статистика на Министерството за здравство

Осум нови случаи на ковид-19 од 3.265 тестирања, оздравени 72 пациенти

Министерството за здравство информира дека според податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се осум нови случаи на ковид-19, три во Скопје , по два во Струмица и во  Куманово и по еден случај во Велес и во Кичево. Нема починати лица како последица од ковид-19, а оздравени се 72 пациенти од: Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по еден. Во десет градови нема активни случаи на коронавирусот.

Фото: Роберт Атанасовски

Министрерството информира дека се направени се 3.265 тестови преку: ИЈЗ-77, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-265, Авицена-295, Биотек-393, Систина-129, лабораторија Лаор-320, Синлаб-32, Ремедика-0, Плодност–92, Генеа–130, Никоб лаб-334, ВФВ Медикал-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови

Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68.640, Активни 106
Куманово 8.878, Активни 35
Прилеп 8.326, Активни 26
Тетово 7.241, Активни 24
Битола 6.304, Активни 10
Велес 5.472, Активни 4
Гостивар 5.181, Активни 8
Кавадарци 5.153, Активни 0
Охрид 5.016, Активни 14
Штип 4.960, Активни 1
Струмица 4.117, Активни 5
Струга 2.981, Активни 1
Кочани 2.792, Активни 3
Кичево 2.591, Активни 22
Гевгелија 2.195, Активни 2
Неготино 2.184, Активни 1
Свети Николе 1.523, Активни 0
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.226, Активни 6
Радовиш 1.161, Активни 2
Берово 1.029, Активни 0
Делчево 973, Активни 1
Дебар 941, Активни 1
Виница 886, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 4
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе