Болеста засилено се шири

Осум лица починаа, 588 нови случаи на ковид-19, новиот бран зема замав

Осум лица починаа, од нив седум во болнички услови, а регистрирани се нови 588 случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Најголем број случаи повторно се потврдени во Скопје, Тетово и во Гостивар, а пораст на случаите на коронавирусот се бележи и во Кичево. Во Скопје повторно има над илјада активни случаи на ковид-19.

Министерството за здравство информира дека согласно со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.780 тестирања, а регистрирани се 588 нови случаи на ковид-19:

Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница - по 3, Ресен и Македонски Брод - по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.

Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

Направени се 5.780 тестови преку: ИЈЗ-194, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–90, ЦЈЗ Куманово–89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–82, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Авицена-393, Биотек-169, Систина-84, лабораторија Лаор-702, Синлаб-50, Ремедика-18, Плодност–29, Генеа - 11, Никоб лаб-861, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.592.

Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 6.9879, Активни 1.053
Куманово 9.114, Активни 193
Прилеп 8.359, Активни 28
Тетово 8.127, Активни 755
Битола 6.395, Активни 75
Гостивар 5.583, Активни 370
Велес 5.498, Активни 21
Кавадарци 5.189, Активни 31
Охрид 5.088, Активни 67
Штип 4.983, Активни 18
Струмица 4.220, Активни 88
Струга 3.050, Активни 67
Кочани 2.823, Активни 27
Кичево 2.771, Активни 161
Гевгелија 2.199, Активни 2
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.536, Активни 9
Ресен 1.242, Активни 8
Крива Паланка 1.229, Активни 2
Радовиш 1.183, Активни 19
Берово 1.053, Активни 18
Дебар 1.025, Активни 71
Делчево 977, Активни 3
Виница 898, Активни 12
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 681, Активни 11
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 398, Активни 2
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 372, Активни 13
Пехчево 279, Активни 8
Мак.Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе