Пратка за земјите од иницијативата Б6

Османи: Данска ќе одвои 250 илјади вакцини за Македонија

Данска ќе донира 250 илјади вакцини за земјава во знак на солидарност со државите од Западен Балкан, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Твитер. Тој вели дека неговиот дански колега Јепе Кофод телефонски го информирал дека Данска ќе испрати еден милион вакцини за сите земји што се дел од новата регионална иницијатива Б6 која вчера ја промовираше Османи од Охрид.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека очекува утре да пристигнат 10.000 дози вакцини кои се донација од Хрватска, а има најава дека во текот на идната недела ќе пристигне исто толкава пратка на руската вакцина Спутник.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе