Вон контрола ширењето на болеста

Онлајн настава бара и Маврово - Ростуше со над 500 активни случаи на коронавирусот

Кризниот штаб на Општина Маврово - Ростуше оценува дека состојбата со ковид-19 е вон контрола и алармира дека со над 500 активни случаи на болеста наставата на учениците треба да се изведува онлајн.

На територијата на општината има над 500 активни случаи на заразата со коронавирусот и состојбата е вон контрола, оцени Кризниот штаб на општината.

Штабот смета дека бројот на заразени граѓани е и поголем зашто, како што е анализирано, дел од граѓаните не се јавуваат кај лекарите во почетната фаза на болеста.

Градоначалникот Медат Куртовски, како раководител на Кризниот штаб во дописот до надлежните државни институции вели дека „поради вака настанатата состојба бараме да се донесе одлука за следење на олјан настава во траење од еден месец за сите ученици од четирите основни и средното општинско училиште“.

Штабот смета дека ширењето на вирусот на таков начин ќе може да се намали, а состојбите со заразата ќе може подобро да се следат.

Инаку, во дневната статистика на Министерството за здравство не се наведуваат податоци за Маврово - Ростуше, туку за Гостивар како регионален центар, каде бројот на активни случаи изнесува над 1.300 случаи, додека пак, Дебар има близу 300 активни случаи.

Комисијата за заразни болести донесе едногласна одлука средните училишта во полошкиот регион наставата во првите две недели по 1 септември да ја изведуваат онлај. Одлука за онлајн настава има и за прилепскте гимназијалци, но не заради коронавирусот, туку затоа што зградата на гимназијата „Мирче Ацев“ генерално се реновира.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе