Намален притисокот врз болниците

Околу илјада празни легла во ковид одделенијата во земјава

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците низ земјава изнесува 701 лице, а во моментов има околу илјада празни болнички кревети во ковид центрите.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 289 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, а има околу 400 празни легла.

Во Скопјена Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени пет пациенти, а 11 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 86 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 91 пациент, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има пет пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација нема пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес - 51, во Куманово - 58 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14, во Кичево осум, Кавадарци 23, а во Гевгелија пет лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе