ЈЗУ Клиника за психијатрија

Околу 4.000 граѓани побарале психолошка поддршка за време на пандемијата со ковид-19

ЈЗУ Клиниката за психијатрија известува дека се реализирани околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со ковид-19 започнувајќи од март месец, 2020 година.

Првата телефонска линија за психолошка поддршка која беше отворена на 15 март 2020 година за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден о 8 до 20 часот, има реализирано повеќе од 2.200 разговори.

Во текот на месец март се отворија уште две други телефонски линии, од кои едната за психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст од страна на ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија Скопје, како и други телефонски линии за психолошка поддршка на лица од различни категории во соработка со УНИЦЕФ - Психолошка поддршка на родители на деца со пречки во развојот и Психолошка поддршка на адолесценти, на кои вкупно се реализирани повеќе од 500 разговори.

На телефонската линија за поддршка на жени во бременост и после породување се реализирани 50 разговори.

На целните линии кои беа отворени за поддршка на лица од различни категории вклучително и психолошка поддршка на албански јазик, како и поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа во периодот на карантин на тие општини реализирани се 1000 разговори.

Во моментов активни линии за граѓани од различни категории се следните: за Психолошка поддршка на возрасни лица 072/919-009, Психолошка поддршка за деца, адолесценти и нивни родители 072/912-979, Психолошка поддршка за жени во бременост и после породување 078/378-766 и Психолошка поддршка на албански јазик 070/291-657.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе