Лончар на прес-конференција со Филипче

Околу 15.000 македонски граѓани се вакцинирале против ковид-19 во Србија

Во Србија досега против ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија, информира српскиот министер за здравство Златибор Лончар на денешната заедничка прес-конференција во Белград со македонскиот колега Венко Филипче.

„Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против ковид-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно“, порача Лончар

Тој нагласи дека имаме нешто помалку од 12 недели да постигне договор за тоа, додавајќи дека и сега додека трае прес-конференцијата некои граѓани на Северна Македонија се вакцинираат во Србија.

„Им излегуваме во пресрет на сите македонски граѓани кои имаат некоја причина да бидат тука и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина заради тоа што сметаме дека овој проблем не може да го реши една држава само во рамките на нејзините граници. Ова е многу поголем проблем и колку ќе им биде подобро на нашите соседи, толку ќе ни биде подобро и на нас. Во секој случај ја продолжуваме соработката и си помагаме едни на други во корист на граѓаните“, рече Лончар во одговор на новинарско прашање.

Прашан дали може во Србија да се вакцинираат и македонските граѓани кои немаат постојан престој, рече дека и тоа е можно.

„Граѓаните на Северна Македонија кои имаат желба да дојдат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку спроведуваме нови акции. Ако нема никаков друг основ не доаѓајте“, им порача Лончар на македонските граѓани.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе