Околу 15.000 македонски граѓани ќе се ревакцинираат викендов во Ниш и во Белград

На Белградскиот саем и Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15 000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината Астразенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија, јавува МИА од Белград.

Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ, изјавил дека 13.000 граѓани од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.

„Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем“, изјавил Бекиќ за телевизијата К1.

Тој додава дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.

Бекиќ потсети дека без закажување на Саемот можат да се вакцинираат граѓаните на Србија, БиХ и Северна Македонија, како и дека вакцинирањето без регистрација се спроведува на сите 225 пунктови во Србија.

Претходно од здравствениот центар во Ниш наведоа дека од 18 до 21 јуни се очекува голема гужва, кога е терминот за повторна вакцинација на 5.700 македонски граѓани кои во март во Србија ја примија Астразенека.

Точниот број на вакцинираните македонски граѓани во Србија, според тогашната изјава на министерот за здравство Златибор Лончар, изнесува околу 15.000 лица.

Последниве денови се намалува вкупниот број на имунизирани лица на дневно ниво, како и бројот на граѓаните од Македонија кои доаѓаат во Врање за вакцинација.

„Во четвртокот на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање дадени се вкупно 627 дози вакцини“, соопштија од Здравствениот дом во Врање.

Кога станува збор за македонските граѓани, кои по отворањето на вакцинацијата без закажани термини, броеја 700 на ден, нивниот број во четвртокот падна на 289 за еден ден.

Во Врање до четвртокот, 17 јуни вкупно биле дадени 58.691 доза вакцини против коронавирус соопштија од Градскиот штаб за вонредни состојби, а од нив 7.088 се македонски граѓани и 5 биле државјани на Босна и Херцеговина.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе