По прогласената кризна состојба во цела држава

Одржана првата седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

 На синоќешната седница на Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи утврдена е рамката на активности на институциите во контекст за усвојување на акциски план, согласно одлуката за кризна состојба. Штабот е оперативно стручно тело кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Со Главниот штаб раководи директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а на седницата присуствуваа претставници на сите организации од системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи (од министерствата за внатрешни работи, за здравство, за транспорт и врски, за одбрана и за надворешни работи и раководителот на Групата за процена, како и раководителот на Итна медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Македонија).

Донесената владина Одлука за постоење кризна состојба на територијата на цела држава е во насока за заштита на јавното здравје во услови на постоење пандемија и заради спречување на епидемијата на ковид-19.

Денеска во 16 часот повторно ќе заседава Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК на која ќе се разгледува нацрт акциски план.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе