Одобрени 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат на Балканот

Владата на денешната седница донесе одлука да додели 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров.

„На денешната седница Владата донесе Одлука за доделување на вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Северна Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј" – Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле" – Охрид, на Универзитет „Мајка Тереза" – Скопје и на Универзитетот во Тетово во студиската 2020/2021 година“, соопшти владината прес-служба.

На оваа седница, како што е наведено во соопштението, е донесена и Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе