Соопштение од Владата

Oдложено пристигнувањето на вакцините од Србија за наредните денови

Заради потребата од усогласување на техничка документација се одложува за следните денови доставувањето на вакцините од Србија, извести пред полноќ владината прес – служба.

„Известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за четврток на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме“, се наведува во соопштение од Владата до медиумите.

Со речиси идентично соопштение за одложувањето доцна вечерта јавноста ја информира и кабинетот на претседателот на Србија Алекснадар Вучиќ.

Вакцините кои Србија од своите резерви ги отстапува за Македонија требеше денеска да пристигнат преку граничниот премин Табановце, а на церемонијата на примопредавање беше планирано да присуствуваат премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Пред нешто помалку од еден месец во телефонски разговор Вучиќ на Заев му понуди вакцини, но целиот процес беше одложуван од технички причини.

„Антиковид-вакцините на 'Фајзер' кои нѝ ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава, ќе бидат првите осум илјади дози со кои и кај нас ќе почне имунизацијата“, вели Владата во сооштението.

Во текот на следните денови се очекува и испорака на 200 илјади дози на вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе