За 24 часа починаа пет пациенти

Од вкупно 14 нови хоспитализирани со ковид-19 во Тетово, 5 се вакцинирани со две, а 6 со една доза

Пет хоспитализирани пациенти ја изгубиле битката со ковид-19 во текот на изминатите 24 часа во ковид-центарот во тетовската болница. „На лекување во болничките одделенија примени се нови 14 болни лица, а вкупно има 121 хоспитализиран. Од задржаните вакцинирани со една доза се шест лица, а со две дози пет луѓе“, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот ковид-центар.

Во амбулантите прегледи и контроли за 24 часа побарале вкупно 208 луѓе. 

Завчера во болницата во Тетово од ковид-19 почина и 21-годишно момче без хронични болести. Момчето било примен на 15 август, а карактеристично во болничкото лекување била отпорноста која што организмот ја имал кон антивирална терапија, објасни на средба со новинарите координаторот во ковид-центарот д-р Гзим Нуредини. Момчето немало хронични болести.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе