Од утре за влез во сите објекти треба сертификат за примени две дози вакцина против ковид-19

Од утре, 15 ноември граѓаните ќе можат да влегуваат во објекти од затворен и отворен тип со сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот САРС-КоВ-2, односно со примени две дози на вакцина против ковид-19, информира Министерството за здравство.

Според одлуката на Владата донесена на 26 октомври, во објектите ќе може да се влегува и со сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

„Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:

– до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест ковид-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето“, стои во одлуката на Владата.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни и повторно ги повикува граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани што побрзо да го направат тоа, бидејќи само со колективен имунитет може да се победи вирусот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе