Од утре само три стоматолошки ординации за цело Скопје

Од утре се затвораат стоматолошките клиники и ординации – а ќе работат вкупно само 21 служба низ целата држава.

Само 3 служби ќе го покриваат цело Скопје - во Аеродром, Чаир и Ѓорче Петров само за итни стоматолошки услови.

Како итни стоматолошки услуги се наведени силната постојана забоболка која не поминува ниту со лекови, акутна инфекција изразена преку отоци, тешко отворање на уста и зголемена телесна температура, поголеми крварења кои не сопираат повеќе денови како и скршеници на заби и вилици.

Освен во Скопје вакви служби ќе има и во Охрид, Струга, Гостивар, Липково, Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Виница, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Кичево, Пробиштип, Крива Паланка, Пехчево и Куманово.

Во градовите каде што нема услови за работа во вонредни околности во здравствените установи работата ќе ја преземат приватните стоматолози.

Од страна на Здружението на приватните стоматолози пак предупредуваат дека може да се случат проблеми во функционирањето.

Сите стоматолози кои нема да работат ќе бидат на располагање на пациентите преку телефон или електронска комуникација за време на работното време во кое работи ординацијата, но и да бидат подготвени веднаш да се вклучат во системот на итни стоматолошки служби.

Вчера со соопштение се јави и Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина кои ја поздравија одлуката на министерот за здравство за времено прекинување на редовната работа на стоматолошките ординации поради пандемијата со ковид -19.

„Колеги, да бидеме спремни да помогнеме на здравствените домови со својот кадар, па и со своите ординации ако за тоа добиеме налог од министерот. Впрочем за вакви мерки и вакво приспособување на работата на стоматолошката служба, ЗПЗСУ ПДДМ се залагаше и јавно предлагаше уште пред десетина дена.

Секако дека примарна задача и цел на сите нас како здравствени работници е професионално да ја извршуваме својата работа и да им помогнеме на пациентите да не страдаат од акутно појавените болни состојби, максимално да се заштитеме од ризикот на заразата со вирусот , но и да спречиме ширење на вирусот преку нашата работа. Истовремено треба да бидеме спремни ако епидемијата добие неочекувано поголеми димензии , согласно Член 285 од ЗЗЗ , некои од нас да бидат распоредени и на други задачи при справување со епидемијата , односно задачи кои не се поврзани со нашата редовна дејност“, соопшти здружението.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе