За да се спречи злоупотреба

Од утре лек само со лична карта

Од утре стартува новата мерка на Фондот за здравствено осигурување со која се укинуваат квотите на лекови, со што граѓаните ќе можат да го подигнат потребниот лек од било која аптека во било кој ден од месецот.

На овој начин, велат од Владата, ќе се спречи создавање домашни залихи од лекови кај пациентите кои се плашат дека може да го снема нивниот лек, но и ќе се спречат злоупотреби. Како што појаснија денеска од Владата, можни злоупотреби ќе се спречат со поголема контрола.

Лековите ќе можат да се подигнат само со лична карта, за Фондот за здравствено осигурување да ја следи потрошувачката во реално време.

„Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека секој ден и во секое време без разлика дали е почеток или крај на месецот. Нема да имаат потреба да создаваат домашни залихи. Се елиминират турканиците кај лекарите и во аптеките во првите денови од месецот заради препишување рецепти, работата на лекарите ќе се поедностави. Ова подразбира и подобри услови за работа “, изјави директорот на Фондот, Ден Дончев.

Тој рече дека новиот електронски систем ќе овозможи еднакви правила за работа за сите аптеки и дека на овој начин се елиминира фворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.

Дончев додаде дека постарите лица, децата под 18 годишна возраст и болните кои не се во состојба да подигнат лекови, не треба да стравуваат, бидејќи нивните блиски ќе можат да го подигнат лекот во нивно име.

Со новата мерка е предвидено блиско лице на овие категории граѓани да може во нивно име да го земе лекот на рецепт. Тој нагласи дека со оваа мерка ќе се релаксира атмосферата во која работат и лекарите и аптекарите и ќе се овозможи еднаква работа за сите аптеки.

Министерот Филипче потсети дека оваа мерка почнала да се спроведува како пилот проект во туристичите места во земјава за време на летниот период – во Охрид, Струга, Гевгелија, Ресен и Дојран, а сега во втората фаза се проширува на ниво на целата држава.Премиерот Заев истакна дека државата е финансиски ликвидна и стабилна и оти тоа довело до можноста да се преземе ваков чекор и да се реши деценискиот проблем со недостиг на лекови. Елиминирана е, додаде тој, горната граница на можна потрошувачка на лековите со рецепт.

Дончев напомена оти ваквата мекра има можност да се спроведе поради растот на приходите во Фондот за здравство.

Импактот што ваквата мерка ќе го има врз буџетот, премиерот Заев ја оцени од 100 до 300 милиони денари

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе