Министерство за здравство

Од среда почнува вакцинацијата во Македонија

Вакцинацијата против ковид-19 во Македонија ќе почне в среда, први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Во земјава вчера пристигна првата пратка од 4.680 вакцини од предвидените 8.000 вакцини против ковид-19 на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија. Вакцините на граничниот премин Табановце на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

По примопредавањето на вакцините министерот за здравство Венко Филипче истакна дека денеска ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови.

„Вакцините се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Вакцините се развиени на безбедни платформи и со нив ќе го спречиме ширењето на Ковид-19. Македонскиот здравствен систем е целосно подготвен за имунизација на населението“, информираа од Министерството за здравство.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, и лица постари од 70 години.

Кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Од Министерството за здравство информираа дека досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација против ковид-19 од кои околу 2.000 здравствени работници се од Скопје, а останатите се од другите градови.

Вкупно 43.335 граѓани досега искажале интерс за вакцинирање против ковид-19 преку веб-страницата vakcinacija.mk. Преку матичните лекари пријавени се 13.511 лица.

Според податоците од Министерството за здравство, во претходното деноноќие регистрирани се нови 180 случаи со kовид-19, 13 починати и 206 оздравени пациенти.

Вкупниот број kовид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројот на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а на активни случаи изнесува 6.411 од кои 2893 се во Скопје.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 585 пациенти со kовид-19 од кои 237 се во Скопје.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе