Филипче најави

Од следната сезона Гинекологија Чаир и болниците во Куманово и Струмица ќе се греат на гас

Уште во текот на минатата година преземавме одредени чекори за промена на системот на греење во повеќе јавни здравствени установи. Ставивме приоритет на Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза" во Чаир, како и на општите болници во Куманово и Струмица, поради тоа што е подготвена околната инфраструктура за гасификација.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека проектите се готови, влегле во планот за јавни набавки и ќе почнат да се реализираат како приоритет токму во овие три јавни здравствени установи.

„Се надевам дека толку колку што трае тендерската постапка и сите законски рокови ќе поминат без никаков проблем и за скоро време, веќе за следната грејна сезона сите овие објекти ќе бидат подготвени да се греат на гас“, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред настанот посветен на потребата од развивање интегрирани услуги за здравствена и долгорочна нега, што се одржа во организација на Европскиот центар за социјална политика и истражување.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе