Средба со средношколски и студентски здруженија

Од септември учениците ќе добиваат зголемени стипендии од 3.500 денари, најави Царовска

Ученичките стипендии кои ќе се исплаќаат со стартот на новата учебна година се зголемуваат во просек за 11 проценти и со владината одлука којашто беше донесена во понеделникот наместо досегашните од 2.200 до 2.970 денари на месечно ниво учениците ќе добиваат стипендија во висина од 3.500 денари.

Министерката за образование и наука Мила Царовска по денешната средба со средношколските и студентските здруженија информираше дека вкупниот годишен износ кој ќе се распределува за оваа намена од речиси 87 милиони денари се зголемува на 97,8 милиони денари, а ќе бидат опфатени 3.100 ученици. Таа најави и воведување на нови стипендии.

„Заедно со претставниците на средношколците и со работната група Млади-МОН изминатите десет месеци работевме на анализи и план за зголемување на ученичките стипендии со цел да го стимулираме нивниот труд, знаења и успеси, но и да ги поттикнеме да се запишуваат во дуалните паралелки кои заедно со стопанските комори, компаниите и локалните самоуправи ги воспоставивме во средните стручни училишта. Политиката на стипендирање е проширена, како од аспект на видовите на стипендии, имаме повеќе нови категории за да се опфатат што повеќе млади, но и значително зголемени износи за голем дел од постојните, за навистина да ја почувствуваат материјалната поддршка од државата“, рече Царовска.

Според неа, фокусот на уписните политики е средното стручно образование кое се покажува како дефицитарно и нуди просперитет за младите, затоа најбројна категорија се стипендиите за ученици што ќе се запишат во дуални паралелки во четиригодишно стручно образование, но и ученици што ќе се запишат во тригодишно средно стручно образование.

„Поголема категорија се и стипендиите за социјална поддршка, за да излеземе во пресрет на учениците чии семејства имаат месечни приходи под она што значи оптимум за нормално живеење и функционирање“, изјави Царовска.

Таа најави дека по една деценија повторно ќе се стипендираат и студенти запишани на втор и трет циклус студии во државата. Обезбедено е факултетите да добијат 50 стипендии за магистерските студии од 9.000 денари и 15 стипендии за докторските студии во износ од 18.000 денари.

За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.

Министерството за образование и наука преку работната група МЛАДИ-МОН ќе продолжи да креира политики со кои се подобрува стандардот и условите за учење за младите.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе