Маски, дезинфекција, мерење температура, редари...

Од септември настава со физичко присуство, одлучи Владата

Владата на денешната седница ја усвои одлуката наставата во септември да почне со физичко присуство. Било истакнато дека ќе се следат состојбите и дека како алтернатива постојат дополнителни две сценарија: преминување на целосна онлајн-настава или комбинирано, доколку дојде до промена на состојбата со пандемијата.

Во учебната година 2021/2022 на 1 септември сите ученици од прво до деветто во основно и учениците во средните училишта ќе се вратат во училишните клупи, реши Владата.

„Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца што доаѓаат од семејства со хронично болни членови, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето“, информираат од Владата.

Досега над 62 отсто од наставниот кадар е вакциниран претходно информираше министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Презадоволна ќе бидам ако постигнеме 80 проценти. Наставниците се враќаат од одмор и сигурна сум дека ќе има уште една поголема акција на вакцинирање до 1 септември и уште побезбедно ќе се чувствуваме во училиштата“, изјави Царовска за новинарите.

Епидемиолошки служби во училиштата, појасни таа, ќе проценуваат и ќе утврдуваат дали некој ученик/ци или цело одделение ќе треба да бидат изолирани. Доколку некој ученик е ковид-позитивен, епидемиолозите на лице место ќе одлучуваат дали само тој, неколку ученици или пак цел клас ќе одат во изолација. 

Сите влезови во училиштата треба да бидат отворени, мора да има редарска служба, на децата и наставниците ќе им се мери температура, задолжителна е дезинфекција на рацете, забранет е влез без заштитна маска, внатрешните простории мора да се проветруваат и дезинфицираат, не е дозволено мешање на деца од различни паралелки, контактите на наставниците со родителите на учениците може да бидат само преку телефон или интернет, се вели меѓу другото во протоколите за заштита од ковид-19 за наставата со физичко присуство од 1 септември.

Сепак, Царовска истакна дека наставата со физичко присуство ќе се реализира додека ситуацијата со ковид 19 не се влоши.

Денешниот биланс за ковид-19 во земјава е 999 новозаразени, 184 оздравени пациенти и 14 починати. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе