Со посебни протоколи  

Од понеделник студентите се вселуваат во домовите, на масите во мензите дозволено најмногу две лица

Од понеделник ќе почне вселувањето на студентите во седум студентски домови во Скопје под посебни ковид протоколи, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска при денешната посета на студенскиот дом „Кузман Јосифовски –Питу“ во Скопје.

„На нас ни е важно да обезбедиме сместување за учениците и студентите коишто ќе имаат комбинирана настава, или физичко присуство во училиштата и на факултетите. За студентските домови во Скопје капацитетот по протокол е 2.080 легла, вкупно примени се 1.614 студенти, што значи дека има можност да се примаат дополнителни. Сега има и резервна листа и ако некој факултет ја промени одлуката и наместо онлајн одлучи да држи настава со физичко присуство, оставаме можност да ги примиме студентите на места коишто ги добиле во домовите затоа што ги исполнуваат критериумите“, рече Царовска. 

Таа додаде дека согласно објавените критериуми, во училишните домови се примија 1.193 ученици. Согласно новите протоколи има слободни или отворени места за 1.058 ученици. Вишокот од 135 ученици за Скопје се распоредени во студентскиот дом „Сениќ“, а 73 ученици кои се од Битола и Струмица, исто така, ќе добијат можност да патуваат до своите места, или да се сместат согласно новите законски измени коишто се во Собраниетo.

Министерката ги повика студентите до 10 октомври да се пријавуваат на отворениот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување. Овој надоместок е предвиден со третиот сет економски мерки. Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход. Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6.000 денари, а пријавувањето е на линкот на сајтот на Министерството за образование и наука, каде се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари .

Директорот на Државниот студентски центар- Скопје, Дарио Николовски, рече дека студентските домови се подготвени да отворат во услови на пандемија, но со намлен капацитет. 

„Очекувам поддршка и почитување на протоколите од страна на студентите, бидејќи се работи за заедничкото здравје на сите нас. Според протоколите во секоја соба во којашто има две легла ќе се сместува само по едно лице, а во собите со повеќе легла максимум до две лица. Исто така, мензите ќе работат под посебни протоколи, односно масите ќе бидат поставени на соодветно растојание и ќе биде дозволено седење на најмногу две лица на маса“, рече Николовски. 

Тој истакна дека заедно со министерката Царовска е обезбедена донација од компанијата „Алкалоид“ во вредност од околу 5 милиони денари за сите студентски и училишни домови во државата, и со овие средства  за дезинфекција се покрива скоро целата година. 

 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе