Анализа на Министерството за здравство

Од починатите од ковид за шест месеци 78 отсто не биле вакцинирани

Во периодот од 6 август лани до 13 јануари на територија на државата позитивни на ковид-19 биле 85.593 граѓани, а од нив 37% односно 32.079 лица биле целосно вакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство.

Според статистиката на Министерството, невакцинирани биле останатите 53.514 граѓани. Во болниците низ државата моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, а 81% не се вакцинирани.

„Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден“, се наведува во соопштението од Министерството.

Што се однесува до смртноста, во истиот период 78 отсто од починатите не биле вакцинирани, а 22 проценти имале примено вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Од Министерството за здравство повторно укажуваат на важноста на вакцинацијата и апелираат граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе