Министерот за здравство за состојбата со вирусот

Од околу 400.000 ревакцинирани 0,002 проценти се заразиле со ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со ковид-19 нагло расте и дека во следните недели ситуацијата може да биде критична. Сепак, тој уверува дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Потенцира дека вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна, а како факт посочува дека само десет проценти од вкупно 3.497 новодијагностицирани во последата седмица се вакцинирани со една или со двете дози вакцина против ковид.

„Бројот на новодијагностицирани, но и бројот на пациенти, генерално во државата во последните денови нагло расте. Ако ја гледаме динамиката со којашто бројот се зголемува можеме да кажеме дека следуваат неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична“, рече Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во Охрид каде разговарал со директорите на болницата и Центарот за јавно здравје за состојбата со болни од ковид-19, подготовка на капацитетите и евентуалниот прием на болни од други градови.

Зголемување на бројот на новодијагнностицирани и на хоспитализирани пациенти има посебно во неколку градови како што се Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово...

„Тука се исполнуваат инфективните одделенија, дел од пациентите се префрлаат во Скопје. Инфективната клиника е пополнета со овие пациенти, секако и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во градот Скопје. Сега се активираат останатите ковид центри. Системот е спремен, лекарите во тимовите за ротација. Спремни сме да го дочекаме притисокот од овој бран“, рече Филипче.

Според него, анализата покажува дека посебно е голем бројот на новодијагностицирани во градови каде што прилично е мал опфатот со вакцинацијата односно е околу 20 до 23 проценти.

Во Охрид, опфатот со вакцинација е 50 проценти и во моментот има помалку од десет хоспитализирани пациенти.

„Во разговорот со директорите костатиравме дека е мал бројот на пациенти кои се јавуваат на преглед и кои имаат индикација за тестирање. Од вкупно 3.497 пациенти кои се дијагностицирани изминатите седум дена 3.047 се невакцинирани, што значи дека само десет проценти се вакцинирани и се позитивни и тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба“, рече Филипче.

Дополнително, вели, охрабрува тоа што од вупниот број вакцинирани во земјава, од околу 400.000 ревакцинирани и околу 500 илјади со прва доза, само 0,002 проценти се заразиле.

„Ова укажува дека само оваа популација е прилично сигурна и обезбедена. Тоа е доказ дека вакцината е безбедна, дека тие граѓани немаат никакви компликации“, истакна Филипче.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе