Од морбили почина 10-месечно бебе, заразен е и директорот на Неврохирургија

По речиси три недели на Клиниката за детски болести, вчера од морбили почина десетмесечно бебе, откако добило тешка пневмонија и крварење во мозокот како резултат на малите сипаници. Ова е четврти смртен случај од мали сипаници за период од три месеци.

„Имало тешка пневмонија, мозочно крварење. Апелирам уште еднаш дека малите сипаници се сериозно заболување и можат да ги нападнат сите органи, и системот за дишење, и централниот нервен систем”, изјави Владимир Микиќ, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

Минатата недела во Институтот за јавно здравје регистрирале 110 нови случаи на мали сипаници а на болничко лекување во моментот има над 50 возрасни и деца заразени со морбили. Според евиденцијата на здравствените власти, шест пациенти се во тешка состојба поради компликации со морбили на Клиниката за инфективни болести. Меѓу нив е и 16-годишна девојка која е на апарати за дишење.

Истовремено, од морбили се заразиле и неколку вработени на Клиниката за неврохирургија, меѓу кои директорот. Поради сериозноста на болеста тој во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, јави НоваТВ.

„Веќе неколку дена сум на Клиниката за инфективни болести заради морбили и дури денес сум малку подобро. Не знам од кого е пренесена болеста. Кај нас на Клиниката доаѓаат пациенти од цела држава, но амбулантските случаи се најголем проблем, бидејќи доаѓаат пациенти од цела држава и има голема фрекфенција. Денеска персоналот се вакцинираше за да се заштитат од морбили“, изјавил Рендевски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе