Од мај ќе има електронски упис на првачињата, најави Царовска

Министерката за образование и наука, Мила Царовска ги повика родителите да ја искористат можноста за дигитално запишување во основното образование за наредната учебна година, нова дгитална услуга која ќе почне да се применува во мај, со што, рече, ќе се избегне и метежот во училиштата.

На денешната онлајн конференција во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“ Царовска рече дека очекува дека ваков современ пристап ќе има и за упис во средното образование, дека во наредниот период ќе се дигитализираат и сите услуги поврзани со конкурсите за наука.

Следен предизвик на кој ќе се работи, додаде Царовска, е родителите да имаат можност неделно да добиваат од училиштата извештаи од Е-дневникот за напредокот на ученикот преку автоматизирана апликација на нивните мобилни телефони.

На конференцијата беше кажано дека голем број е-услуги се достапни во областа на образованието – се применува нов систем за дигитално апилицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, аплицирањето на општините до МОН за инфраструктурни проекти и реновирање на училишта, а од мај ќе биде воведена и нова услуга – дигитално запишување на првачињата за учебната 2021/2022 година.

Зборувајќи за придобивките од дигиталната трансформација во општеството, Царовска истакна дека покрај квалитативна промена на сите степени на образованието во земјава, интензивно се работи и на дигитализација, задоволна е од услугите што се достапни дигитални со што се заштедува и време и нема застој во остварување на правата, посочувајќи го нострифицирањето на дипломи кое сега е возможно за еден ден наместо да се чека неколку месеци.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе