Според дневните извештаи од болниците, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 97, во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 44 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 10, Кавадарци 53, во Гевгелија 20 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.