Од направени 3.610 тестирања има 949 нови случаи

Од ковид-19 починаа уште 33 лица, најмладата жртва е на 25 години

Од направени 3.610 тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 949 нови случаи на ковид-19, или 26 отсто од тестираните, 737 пациенти се оздравени, а починаа 33 лица од кои најмладиот од Гевгелија имал 25 години, информира Министерството за здравство

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, во Струмица и Кочани по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11, во Ресен и Радовиш по 10, во Делчево и Виница по 9, во Неготино, Берово и Валандово по 7, Крива Паланка – 6, Богданци – 5, во Дебар и Македонски Брод по 4, во Демир Хисар и Македонска Каменица по 3, во Пробиштип и Пехчево по 2 и во Крушево и Демир Капија по 1.

Регистрираните 737 оздравени пациенти се од Скопје – 380, Прилеп – 42, Велес – 39, Куманово – 32, Кавадарци – 26, Битола – 25, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Тетово – 20, од Штип и Крушево по 16, Неготино – 13, од Кочани и Струмица по 11, од Радовиш и Делчево по 7, Демир Капија – 6, од Берово, Кичево и Македонски Брод по 5, од Ресен и Виница по 4, од Богданци, Пробиштип и Пехчево по 3, од Охрид, Свети Николе, Крива Паланка и Дојран по 2 и од  Валандово и Кратово по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица и тоа 11 од Скопје (54г, 67г , 68г, 70г, 71г, 72г ,72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово ( 66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г). Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Направените 3.610 тестови се преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–78, МАНУ-158, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-208, Биотек-241, Систина-214, лабораторија Лаор-351, Синлаб - 63, Ремедика-46, Плодност – 60, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.187. Досега во земјата се направени вкупно 677.988 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 64.144, активни 9.161

Куманово 7.818, активни 1.257

Прилеп 7730, активни 1.026

Тетово 6.785, активни 674

Битола 5.509, активни 1291

Велес 5.096, активни 775

Гостивар 4.922, активни 507

Кавадарци 4.904, активни 584

Штип 4.637, активни 458

Охрид 4.611, активни 802

Струмица 3.686, активни 536

Струга 2.834, активни 252

Кочани 2.530, активни 317

Кичево 2.282, активни 312

Неготино 2.082, активни 262

Гевгелија 2.066, активни 362

Свети Николе 1.394, активни 143

Крива Паланка 1.155, активни 92

Ресен 1.155, активни 238

Радовиш 1.023, активни 146

Берово 953, активни 104

Делчево 910, активни 87

Дебар 894, активни 59

Пробиштип 743, активни 64

Виница 706, активни 105

Валандово 612, активни 103

Крушево 452, активни 102

Богданци 453, активни 71

Демир Капија 390, активни 49

Демир Хисар 353, активни 53

Кратово 346, активни 23

Македонски Брод 341, активни 40

Пехчево 245, активни 19

Македонска Каменица 220, активни 11

Дојран 130, активни 21

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе