Позитивни се 17,5 отсто од тестираните

Од ковид-19 починаа уште 18 лица, 473 се новозаразени

Вкупно 2.708 тестирања се направени во изминатите 24 часа, а од нив се регистрирани 473 нови случаи на ковид-19, односно позитивни се 17,5 отсто од тестираните. Оздравеле 505 пациенти, а починале 14. Дополнително се пријавени уште 4 лица починати во претходен период, информира Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 е во Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци по 2 и во Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод по 1.

Регистрирани сe 505 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 230, Битола – 50, Кавадарци – 32,  Кочани – 18, Гевгелија – 17, Прилеп, Велес и Тетово по 16, Крива Паланка – 14, Куманово – 12, Берово – 11, Неготино – 10, Штип и Кратово по 7, Охрид и Радовиш по  6, Кичево, Богданци и Виница по 5, Струмица, Валандово и Гостивар по 4, Ресен – 3, Пробиштип – 2, а од Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г),  Велес (89г),  Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г и сите се починати во домашни услови.

Направените 2.708 тестови се преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово-58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Авицена-99, Биотек-173, Систина-47, лабораторија Лаор-61, Синлаб-23, Ремедика-13, Плодност–55, Генеа-7, Никоб лаб-218, ВФВ Медикал-10, Ели Медика-16, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-43, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115. Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 93.446, Активни 3.845

Куманово 12.812, Активни 273

Тетово 11.282, Активни 138

Прилеп 10.089, Активни 421

Битола 8.488, Активни 673

Гостивар 8.059, Активни 35

Велес 7.240, Активни 357

Кавадарци 6.860, Активни 301

Штип 6.534, Активни 202

Охрид 6.395, Активни 274

Струмица 6.062, Активни 155

Кичево 4.216, Активни 87

Кочани 3.953, Активни 204

Струга 3.893, Активни 60

Гевгелија 2.770, Активни 148

Неготино 2.546, Активни 77

Свети Николе 2.097, Активни 75

Крива Паланка 1.858, Активни 130

Ресен 1.717, Активни 103

Радовиш 1.705, Активни 72

Дебар 1.454, Активни 0

Берово 1.401, Активни 95

Делчево 1.351, Активни 141

Виница 1.140, Активни 38

Пробиштип 1.107, Активни 36

Валандово 919, Активни 52

Кратово 753, Активни 57

Богданци 638, Активни 37

Демир Хисар 598, Активни 85

Крушево 576, Активни 24

Македонски Брод 488, Активни 8

Демир Капија 421, Активни 7

Македонска Каменица 405, Активни 64

Пехчево 347, Активни 14

Дојран 159, Активни 1

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе