Од ковид-19 почина медицинска сестра од Општата болница во Охрид

Од Општата болница во Охрид соопштија дека нивната медицинска сестра Дијана Димоска, на три дена пред да наполни 49 години, ја загуби битката со коронавирусот.

Како што се вели во објавата на официјалната Фејсбук страна, Димоска е родена на 29 септември 1971 година, во Загреб. Својот професионален ангажман го започнала во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатрискиот оддел, а последните години била дел од тимот во одделението за интерни болести.

„Нејзината прерана cмpт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените. Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања. Со длабока почит, порачуваат вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид", пишува во објавата на ЈЗУ Општа болница – Охрид.

 

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3637668849596804&id=18...

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе