Од идната недела вакцинирање против сезонски грип

Вакцините против сезонски грип денеска пристигнуваат во државава и ќе бидат распределени по центрите за јавно здравје, а вакцинацијата, според информациите од Центарот за јавно здравје Скопје, ќе почне идната недела.

Вакцините, како што објави МИА, се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Вкупно се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години.

Сезонската имунизација против грип во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, ќе се одвива во шест поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Измунизацијата ќе биде со упатување од матичен лекар преку системот МојТермин, во периодот од 14 до 19 часот. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, каде и ќе се врши вакцинирањето. Центарот за јавно здравје Скопје ќе набави 4.000 вакцини, а цената ќе биде по 800 денари, потенцираат од Министерството за здравство.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе