Oд гастрономски натпревар во Истанбул студенти на Факултетот за туризам во Охрид се вратија со Гран при и пет медали

Тимот студенти на насоката Гастрономија од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид забележа голем успех на XVIII Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул, Република Турција освојувајќи Гран при награда и пет медали, од кои две златни, една сребрена и три бронзени медали во индивидуална категорија.

Екипата студенти од ФТУ-Охрид, ја сочинуваа Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски.

„Денеска, на последниот натпреварувачки ден, тројцата студенти од ФТУ-Охрид ја освоија и највисоката награда во категоријата „мистериозна кутија“ (Black Box), имајќи само 30 минути време да подготват врвен специјалитет со непознати намирници. Организаторот на фестивалот ги одликува македонските натпреварувачи со златни медали и им ја врачи Гран при наградата „Златно Тавче“, соопштуваат од ФТУ Охрид.

Селектор на екипата е доц. д-р Климент Наумов, кој од неодамна е назначен за раководител на студиската насока Гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Во изминатиот период тимот трудољубиво работеше и вежбаше во факултетскиот кабинет по готварство под менторство на професорот Наумов, а во координација со м-р Момчило Цониќ од Лесковац, Србија, експерт од областа на готварството и докторанд на охридскиот факултет.

„Сите тројца студенти учествуваа во категоријата сениори-практично во силна конкуренција од преку 700 натпреварувачи. Овие достигнувања на нашите студенти претставуваат огромен успех во промоцијата на македонската гастрономија во светски рамки“, наведува професорот и ментор Наумов.

Mеѓународниот гастрономски фестивал Истанбул, кој по 18-ти пат го организира Федерацијата на готвачи и шефови на кујни на Турција (COCFED), се одржа во Евроазискиот Саемски Центар (Avrasya Fuar Merkezi). Настанот беше во заедничка организација со Светската асоцијација на здруженија на готвачи (WACS). На овогодишниот фестивал учествуваа повеќе од 3.500 натпреварувачи од целиот свет.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе