Од денеска тестови за ковид-19 и во поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и во „Млин Балкан“

Тестирање за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во поликлиниката „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата.

Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари.

Министерот за здравство Ванко Филипче вчера на прес-конференција соопшти дека Комисијата од Министерството, го завршила увидот во сите, освен една приватна  институција, односно, во двете приватни болници  „Жан Митрев“ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“, а во текот на утрешниот ден и  во лабораторијата „Биотек“.

Според него, за искористување и на тие капацитети, во Фондот веќе работат на пронаоѓање модел на соработка.

Согласно мислењата на епидемиолозите, појасни министерот, ќе се зголеми бројот на потребните тестирања.

Системот за мобилни тестирања е подготвен и тој ќе почне да се применува следните денови со Скопје, нагласи Филипче. 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе