Министерство за здравство

Од денеска достапен лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

Министерството за здравство соопшти дека првпат во државава од денеска достапен е лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза, која спаѓа во групата на ретки болести. Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти.

„Идиопатска белодробна фиброза е заболување на белите дробови со брза прогресија и е изразито тешка болест која води до прогресивен пад на функцијата на белите дробови карактеризирана со тешко дишење, чести хоспитализации и лоша прогноза. Лекот Пирфенидон е прв избор за третман на идиопатска белодробна фиброза, ја стопира прогресијата на болеста, го намалува бројот на егзацербации и го подобрува квалитетот на живот. Преку програмата за ретки болести се обезбедени дополнителни седум милиони денари. Ова е петти нов лек за пациентите со ретки болести набавен во последните две години“, стои во соопштението од Министерството.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе