Медицински тимови на терен

Од денес во средните и основните училишта ќе се вакцинираат невакцинирани ученици од морбили

Медицински тимови од денеска ќе вршат теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во училиштата следува по прогласената епидемија на морбили во целата држава. Од Министерството за здравство појаснуваат дека во соработка со Центарот за јавно здравје лекарите за секој ученик имаат евиденција дали е вакциниран или не, и дека нема да се вакцинираат дека кои веќе примиле ревакцинација со МРП. 

Во градинките вакцинација нема да има бидејќи таму невакцинираните деца не се примаат и родителите сами ќе треба да ги носат на вакцина за морбили. 

Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми очекува теренската вакцинација да ги даде очекуваните резултати.

„Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање на што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој, вели Адеми“. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе