Министерство за здравство

Од 2.557 тестирања новозаразени 62 на ковид-19, оздравени 245 пациенти, починати 14 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 62 нови случаи на ковид-19, оздравени се 245 пациенти, починале 14 лица, а направени се 2.557 тестирања.

Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.698.

Од новорегистрираните 62 случаја, во Скопје се 33, Гостивар и Струмица по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3, Куманово два и Тетово, Велес, Кочани и Кратово по еден.

Од оздравените пациенти од Скопје се 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г, 60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.

Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406.

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68.242, активни 1.475

Куманово 8.778, активни 339

Прилеп 8.262, активни 165

Тетово 7.189, активни 127

Битола 6.268, активни 243

Велес 5.463, активни 99

Гостивар 5.159, активни 64

Кавадарци 5.147, активни 54

Охрид 4.983, активни 203

Штип 4.953, активни 78

Струмица 4.100, активни 107

Струга 2.969, активни 77

Кочани 2.775, активни 59

Кичево 2.538, активни 86

Гевгелија 2.190, активни 37

Неготино 2.179, активни 26

Свети Николе 1.518, активни 44

Ресен 1.233, активни 47

Крива Паланка 1.218, активни 14

Радовиш 1.136, активни 58

Берово 1.026, активни 9

Делчево 967, активни 28

Дебар 938, активни 8

Виница 872, активни 68

Пробиштип 789, активни 19

Валандово 665, активни 7

Богданци 493, активни 9

Крушево 488, активни 25

Демир Хисар 396, активни 22

Демир Капија 396, активни 3

Кратово 367, активни 15

Македонски Брод 356, активни 1

Пехчево 266, активни 2

Македонска Каменица 247, активни 18

Дојран 132, активни 0.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе